logo
logo
logo

Вилата на Џин Хекман била преполна со стаорци, кои шират смртоносна болест

Vecer | 15.04.2025

Вилата на Џин Хекман била преполна со стаорци, кои шират смртоносна болест

Актерот и неговата 65-годишна сопруга биле пронајдени мртви на 26 февруари во нивниот дом во Ново Мексико, откако безбедносниот персонал ги видел нивните тела низ прозорец и ги известил властите.

Труењето со јаглерод моноксид се сметало за рана причина за смртта, но подоцна било отфрлено откако иследниците откриле дека кучето на двојката исто така било пронајдено мртво на друго место на имотот.

Подоцна е утврдено дека сопругата на Хекман починала од хантавирус пулмонален синдром околу 12 февруари, ретка состојба предизвикана од хантавирус кој се шири преку измет и урина од стаорци.

Се верува дека Хакман починал неколку дена подоцна, на 18 февруари, од тешка срцева болест, која била влошена од Алцхајмерова болест и бубрежна слабост.

Хекман можеби не бил свесен дека Аракава е мртва, шпекулираа инспекторите, со оглед на неговата лоша здравствена состојба во моментот на нејзината смрт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk