logo
logo
logo

Видео: Тејлор Свифт без грам шминка

Vecer | 25.02.2026

Видео: Тејлор Свифт без  грам шминка

Американската пејачка објави видео во кое ја гледаме без ни трага од шминка. Изгледа многу поинаку од вообичаените изданија во која ја гледаме на социјалните мрежи или на јавните настапи.

Причината за таков потег е добра. Таа им покажа на сите како е создадена песната „Opalite“. Постојат снимки од студиото, како и од снимањето на музичкото видео. Тоа стана нејзин 14-ти хит број еден на Billboard Hot 100.

Со 14 хитови број 1, американската пејачка се изедначи со Ријана по бројот на топ синглови во историјата на топ-листата Hot 100.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

- Само неколку спомени од „Opalite“ за да го прославиме првото место на Hot 100. Не можам ни да го опишам возбудувањето и сум толку воодушевена од љубовта што ја покажавте за оваа песна и видео. За да го ставам ова во перспектива… Всушност, ова е прв пат да имам два синглови број еден на Hot 100 откако „1989“ излезе во 2014 година. Знам дека тоа се многу бројки, но сè се собира. Многу сум благодарна на фановите кои помогнаа да се случи ова со тоа што ја пречекаа оваа песна со раширени раце. Навистина ми се допаѓа ова! Само сакав да кажам БЛАГОДАРАМ, можеби ќе одам да купам џиновски перек во трговскиот центар за да прославам, ох“, напиша Свифт под видеото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk