logo
logo
logo

Видео: Робот падна врз Карди Би додека таа танцуваше

Vecer | 10.02.2026

Видео: Робот падна врз Карди Би додека таа танцуваше

Познатата раперка Карди Би доживеа прилично бизарна и потенцијално опасна несреќа на улиците на Сан Франциско, кога робот буквално падна врз неа за време на провокативен танц.

Карди беше во „Градот покрај заливот“ за да го поддржи својот партнер, ѕвездата на НФЛ Стефон Дигс, чиј тим Њу Ингланд Патриотс играа на Супербоул против Сиетл Сихокс. Додека шеташе низ градот, раперката наиде на роботот и им изјави на насобраната толпа дека планира да направи „танц“ со него.

Во видеото објавено од „TMZ“,може да се види како Карди изведува серија танцови движења, допирајќи ја металната конструкција и во еден момент се наведнува за да симулира бакнеж со роботот. Сепак, во тој момент, машината ја изгуби рамнотежата и падна директно врз неа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)

Раперката вресна додека роботот слета практично меѓу нејзините нозе, но минувачите брзо ѝ дојдоа на помош. За среќа, Карди успеа да стане и да си замине неповредена, пред да се пошегува на своја сметка.

Обожавателите на социјалните мрежи веќе се шегуваат дека „дури и вештачката интелигенција не може да ѝ одолее на Карди“, додека други коментираа дека Дигс можеби е љубоморен на „несмасниот метален додворувач“. За среќа сè заврши без последици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk