Видеото е ексклузивно објавено на „Епл мјузик“ (Apple Music) и „Спотифај“ (Spotify), само два дена пред „Супербоул“ финалето, додавајќи доза на еуфорија од поп-културата пред големиот натпревар.
Во видеоспотот се појавуваат и повеќе холивудски ѕвезди, па според коментарите, тоа е една од причините зошто „Opalite“ стана најгледаното музичко видео во историјата на „Спотифај“ во својот прв ден од објавувањето. Спотот, имено, собра 42 милиони прегледи на музичката платформа за 24 часа, надминувајќи го претходниот рекорд на песната „Fortnight“, исто така, од Свифт.
Суперѕвездата го напиша сценариото и го режираше видеото - со детали во стилот на 90-тите, и во стилот на „Ем-ти-ви“ (MTV).
„Opalite“ е љубовна песна за двајца осамени луѓе (Тејлор Свифт, Домнал Глисон) кои користат измислен спреј наречен „Опалајт“ за да ја трансформираат својата врска од безнадежна во среќна. Свифт забележува дека темата е особено соодветна со оглед на нејзината лична приврзаност со скапоцениот камен опалит. Таа, исто така, сподели дека креативниот процес донел неочекувани пријателства, модни избори и метафори. Притоа, „се забавувала повеќе отколку што некогаш би замислила“, вели, додавајќи дека во видеоспотот се појавуваат и многу познати лица од нејзината турнеја „Ерас“.
Од неделата, 8 февруари, видеото е достапно и на „Јутјуб мјузик“ (YouTube Music). Изданието на „The Life of a Showgirl“ е достапно на „Спотифај“, „Епл мјузик“, „Дизер“, „Тидал“ и „Јутјуб“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата