logo
logo
logo

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Vecer | 04.07.2026

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Кралицата на попот, 67 годишната светска музичка дива Мадона  ги отвори вратите на својот луксузен дом во Лондон за „Вог“ и притоа зборуваше за предмети што ја потсетуваат на семејството, пријателите и најважните моменти од нејзиниот живот, но исто така покажа и неколку необични уметнички дела кои привлекоа големо внимание.

Меѓу првите работи што ги претстави беше портрет на Фрида Кало – уметница на која ѝ се восхитува уште од млади години и чија работа ја следи со години.

„Кога пристигнав во Њујорк, првото нешто што го видов беше разгледница со таа слика од Фрида Кало. Значи, уште во првите 10 минути од мојот престој во Њујорк, ја видов неа. Тогаш си ветив дека еден ден ќе ја имам таа слика. По 11 години, сликата се појави на аукција и оттогаш е тука“, изјави Мадона за „Вог“.

Зборувајќи за славната сликарка, таа сподели и една анегдота што отсекогаш ја фасцинирала. „Таа многу ги сакаше мајмуните и имаше неколку од нив. Тие ѝ кажуваа кога нејзиниот сопруг ѝ бил неверен. Кога тој ќе се вратеше од некоја авантура, тие го намирисуваа тоа и стануваа агресивни кон него. Така таа дознаваше“, рече Мадона низ смеа.

Иако поседува работна соба исполнета со уметнички дела, таа признава дека најголемиот душевен мир за работа го наоѓа во бањата. „Успевам да завршам по нешто во бањата, бидејќи таму сите ме оставаат на раат“, рече таа. Токму во таа просторија таа ги чува некои од предметите што за неа имаат најголема емотивна вредност. Таму има бројаници и парфеми на нејзината покојна мајка, музичка кутија што ја свири песната „Ciao Bella“, како и пораки што нејзината посвоена ќерка Естер ѝ ги оставала како девојче додека учела англиски јазик. Покрај спомените што ја поврзуваат со семејството, во бањата има и колекција од уметнички скулптури во форма на пенис, подарок од младиот бразилски уметник Андерсон Астеклинс.

„Сакам да имам уметнички дела и во бањата. Меѓу моите омилени се овие скулптури на пениси, односно мојата колекција на пениси, како што сакам да ги нарекувам. Имам четири. Две помали и две поголеми“, рече пејачката. Таа со посебна почит зборуваше за нивниот автор: „Уметникот се вика Андерсон Астеклинс. Тој е млад бразилски уметник кој моментално е дел од програма што ја води Трејси Емин.“

Мадона изјави дека за време на запознавањето со уметникот, особено ја погодила неговата приказна за односот со мајка му. „Ја посетив Трејси и тогаш го запознав Андерсон. Неодамна купив една од неговите слики што зборува за неговиот однос со мајка му. Го прашав: 'Дали мајка ти е горда на тебе? Дали ги има видено твоите слики? Дали ѝ ги покажуваш твоите дела?' Тој одговори: 'Не. Мислам дека тоа би можело да ја вознемири, а никогаш не сакам да ја растажам мајка ми'. Ми кажа дека секоја негова слика на некој начин ѝ е посветена нејзе. За малку ќе заплачев, толку ме трогна неговата приказна“, изјави Мадона за „Вог“ и додаде:

„Се збогував со него откако поминавме некое време заедно. Тој потрча по мене носејќи кафеава хартиена кеса и рече: 'Сакам да ти подарам нешто'. Влегов во автомобилот, тргнав кон дома и ја отворив кесата. Внатре беа овие прекрасни скулптури на пениси, и затоа тие се меѓу предметите што особено ги сакам“ – а како изгледаат, погледнете во галеријата на почетокот на текстот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk