logo
logo
logo

ИМА 100 ГОДИНИ И МАЛКУ МУ СЕ: Нови слики од познатиот актер го обиколија светот

Vecer | 03.07.2026

ИМА 100 ГОДИНИ И МАЛКУ МУ СЕ: Нови слики од познатиот актер го обиколија светот

Легендарниот американски актер Дик Ван Дајк, кој неодамна го прослави својот 100-ти роденден, беше снимен за време на едно од ретките излегувања со својата сопруга Арлин Силвер во Лос Анџелес, а вниманието на јавноста го привлече фактот дека тој се потпирал на подвижен потпирач додека одел.

На фотографиите се гледа како Ван Дајк и неговата 54-годишна сопруга шетаат заедно низ улиците на Лос Анџелес, по што застанале во Старбакс на освежување.

За таа пригода, познатиот актер носел темно сина тренерка и бела кошула со јака, додека Арлин Силвер избрала црн дезен со отворени рамена и црни панталони.

На фотографиите се гледа и моментот кога Арлин му помага на својот сопруг да излезе од автомобилот и да се качи на подвижниот потпирач, пред да продолжат со прошетката.

Ова е едно од ретките заеднички јавни појавувања на двојката. Добитникот на наградата Еми, кого публиката ширум светот најмногу го памети по култниот филмски мјузикл „Мери Попинс“, го прослави својот 100-ти роденден на крајот од минатата година и уште еднаш покажа дека неговиот оптимизам во животот не го напушта.

За време на прошетката, тој се потпираше на шеталка, но во лежерна спортска облека и бела кошула, ги поздрави минувачите со насмевка. Сопружниците заедно застанаа во Старбакс, каде што пиеја ледени пијалоци, а фотографите забележаа интересен детаљ во нивниот автомобил - освежувач на воздух со фотографија од самиот актер.

Последен пат беа видени во април на отворањето на Малибу Ургентна Кеар, каде што Ван Дајк користеше бастун за одење, но беше во одлично расположение, разговараше со публиката, па дури и танцуваше. На настанот, тој седеше до познатиот музичар Херб Алперт, додека му се придружи неговата сопруга, Арлин.

Дик Ван Дајк и Арлин Силвер се венчаа во 2012 година, а актерот постојано изјавуваше дека ја смета нивната врска за една од главните причини зошто сè уште се чувствува витален.

„Ја запознав Арлин во 2006 година и многу брзо таа стана моја сродна душа и љубовта на мојот живот“, рече тој во интервју за „Добро утро Америка“ минатиот декември.

Тој додаде дека нивната љубовна приказна е најважната причина зошто не станал, како што вели, „намрштен осаменик“.

Зборувајќи за разликата во годините, тој со насмевка рече дека неговата сопруга, која е речиси половина од негова возраст, го тера да се чувствува како да е помеѓу две третини и три четвртини од негови години.

Не се плаши од смртта

За време на истото интервју, шесткратниот добитник на Еми, зборуваше и за стареењето, признавајќи дека не се плаши од смртта.

„Смртта навистина не ме плаши, иако би сакал да имам многу повеќе живот пред мене“, рече Ван Дајк, додавајќи дека многу луѓе се плашат од смртта затоа што веруваат дека лицето кое умира е свесно за сè што се случува.

Двојката се венча во февруари 2012 година, по шест години врска, и доброто здравје на Ван Дајк го припишуваат на редовното вежбање и здравиот начин на живот.

Ван Дајк често со насмевка истакнува дека „100 години не му се доволни“ и дека планира да живее долго, бидејќи, како што вели, не го мачат болки и сè уште се чувствува млад.

Тој оди во теретана три пати неделно со сопругата, каде што тренира напорно под нејзин надзор.

Според него, важна улога во зачувувањето на неговото здравје одиграла неговата одлука од 1972 година, кога по успешното завршување на програмата за лекување и терапија во рамките на групата Анонимни алкохоличари, засекогаш престанал да консумира алкохол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk