Тонги почнал да плаче за време на песната и во еден момент се скршил, но Блант цело време му помагал, и пеел каде што требало, тешејќи го и туркајќи го да ја заврши песната. Откако го завршија настапот, Блант го прегрна Тонги и тие заработија овации од публиката.
За време на изведбата на песната со која Тонги се пријавил во шоуто и која зборува за односот на таткото и синот, 18-годишникот не бил единствениот кој плачел. Во очите на жирито но и на публиката можеа да се видат солзи, а треба да се спомене дека оваа песна беше посебна за Иам бидејќи ја отпеа во спомен на својот покоен татко. Неговиот татко почина само неколку месеци пред аудицијата на „Американскиот Идол“.
Нивниот настап заврши многу брзо на социјалните мрежи, луѓето тврдат дека ова е еден од најемотивните дуети досега, а посебни пофалби имаа и за Блант, кој се однесуваше хумано кон скршениот Тонги.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата