logo
logo
logo

Четкар ќе го промовира новиот албум на Водици

Vecer | 17.01.2025

Четкар ќе го промовира новиот албум на Водици

Џезерот Владимир Четкар за недела, на денот Богојавление (Водици) го најави излегувањето на новиот студиски материјал со наслов  „Let Us Be“. Албумот ќе биде достапен на сите дигитални музички платформи во светот, а истиот досега беше ексклузивно издаден само во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records.

Ова е четвртиот по ред студиски материјал на Четкар на кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец диригент и изведувач).

'Let Us Be' е сниман во американските студија Electrical Audio во Чикаго и Hi-Fi Studios во Милвоки со живи гудачки, дувачки и ритам секции. Истиот ќе биде достапен и во цеде издание, а во Македонија ќе може да се купи во музичката продавница Чув Де Чув во Скопје.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk