Таа носеше сако и здолниште до колена во интензивна жолта боја, украсени со апстрактни црвено-црни мотиви кои потсетуваат на леопардски дизајн.
Кројот е во духот на препознатливата елеганција на ревијата, со јасно дефинирани и женствени линии. Комбинацијата беше надополнета со мала чантичка носена преку рамо во ист дезен, со што беше постигната визуелна целина. Минималистичките сандали во црно-бела комбинација и природната шминка во неутрални тонови го заокружија изгледот.
@voguegermany @Dua Lipa at the @ChanelOfficial Haute Couture Spring/Summer 2026 Show in Paris. #voguegermany #dualipa #dualipaedit #hautecouture #pfw (Video: @enzoply ♬ original sound - Stan :)
На денешното дефиле во Париз, во рамки на Париската модна недела, Шанел ја претстави својата најнова „висока мода“haute couture колекција за сезоната пролет-лето 2026 година. На Матију Блази, креативен директор на Шанел, оваа ревија му е првата ревија на „висока мода“. Тој претходно дебитираше со „реди ту веар“ (ready-to-wear) колекцијата за сезоната пролет- лето 2026, а ова е неговото прво официјално модно шоу. Меѓу присутните на ревијата беа и Пенелопе Круз, Никол Кидман, Тилда Свинтон и Ана Винтур.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата