logo
logo
logo

Глумецот Квинтон Арон на апарати за одржување во живот

Vecer | 27.01.2026

Глумецот Квинтон Арон на апарати за одржување во живот

Здравствената состојба на Квинтон Арон се влоши. Глумецот од номинираниот филм за „Оскар“ - „Слепа страна“ (The Blind Side), кој таму го глумеше поранешниот спортист Мајкл Охер, во филмот од 2009 година - е ставен на апарати за одржување во живот, откако пред неколку дена бил згрижен по колабирањето во својот дом. Неговата сопруга Маргарита ја потврди веста за порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ) вчера - на 26 јануари.

Маргарита рече дека го однела Квинтон (41) в болница откако тој го изгубил чувството во нозете и паднал додека се качувал по скалите. По неколку испитувања, лекарите утврдиле дека глумецот има инфекција на крвта. Испитувањата сè уште траат.

И додека Арон е на апарати за одржување во живот, неговата сопруга се надева дека тој ќе закрепне.

- На крајот на краиштата, тој само делумно ја користи специјализираната опрема за самостојно дишење. Квинтон е борец. Тој покажува големо подобрување. Сите имаме вера во Бога, дека тој ќе излезе од тука целосно опоравен, изјави таа.

Ова не е првпат тој да биде актуелен во медиумите поради здравствени проблеми. Во март лани, сподели дека бил згрижен откако имал треска и крвава кашлица.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk