logo
logo
logo

Видео: Диди во затвор

Vecer | 25.11.2025

Видео: Диди во затвор

- Погледнете како изгледа по повеќе од една година затвор.

Во јавноста се појави видео од Шон Диди Комбс или популарниот Пи Диди од затворот Форт Дикс во државата Њу Џерси, на кое се гледа како тој го поминува денот во затворската библиотека.

Видеото првично го објави американскиот портал TMZ. На видеото, Комбс, облечен во затворска униформа, лежерно разговара со други затвореници и ги извршува своите секојдневни обврски.

Контроверзниот Диди инаку беше уапсен во септември 2024 година по низа сериозни обвиненија, вклучувајќи рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и прекршоци поврзани со проституција. Судењето започна во мај оваа година, а во јули беше прогласен за виновен за транспорт на лица со цел проституција, додека беше ослободен од најсериозните обвиненија.

Во октомври Диди беше осуден на четири години и два месеци затвор и парична казна од 500.000 долари. Казната, исто така, вклучува обврска за учество во програми за ментално здравје и лекување од зависност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk