logo
logo
logo

Вергара доби тужба од градежниците, кои ѝ ја реновирале вилата во Лос Анџелес: Нѐ понижуваше

Vecer | 07.12.2023

Вергара доби тужба од градежниците, кои ѝ ја реновирале вилата во Лос Анџелес: Нѐ понижуваше

Во тужбата, видена од магазинот People, се наведува дека на 27 ноември, Reside Custom Homes ја обвини Вергара дека не платила две фактури испратени во март и јули 2023 година за завршена работа на домот, во вкупна вредност од 1.700.492,64 долари. Покрај тоа, тие ја обвинија актерката за прекршување на договорот, измама и намерно мешање во договорните односи.

Имено, Вергара ја ангажирала компанијата Reside Custom Homes во април 2022 година за да ѝ ја реновираат куќата, а компанијата според договорот ја завршила работата до декември 2022. Тогаш актерката наводно побарала од нив да направат дополнителна работа. Во тужбата се наведува и дека актерката „имала агресивни испади и ги понижувала, исмејувала, малтретирала и се обидувала да ги заплаши нивните вработени“.

Се огласи и адвокатот на актерката, Мартин Сингер.

„Мојот клиент поднесе жалба против изведувачот неколку месеци пред поднесувањето на оваа лажна тужба. Тврдењата на Софија Вергара се однесуваа на значителни преплаќања од страна на Ресид, неквалитетна и несовесна работа и доцнење, за што таа побара отштета поголема од 5 милиони долари. Верувам дека мојот клиент ќе победи во овој случај“, рече тој во изјавата за People.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk