logo
logo
logo

Велешанецот Александар Ристовски има нова, МОЌНА БАЛАДА

Vecer | 29.11.2022

Велешанецот Александар Ристовски има нова, МОЌНА БАЛАДА

„Крајот песна пишува“ е вториот сингл на велешанецот Александар Ристовски. Музиката и аранжманот за оваа моќна балада ги направи самиот Ристовски, текстот е дело на Огнен Неделковски, а режисерската палка за видеото на овој проект му припадна на Даниел Јовески.

- Ги следам музичките трендови и важно ми е кој тим стои позади еден музички проект. Чест е да се соработува со текстописец како Огнен Неделковски и режисер како Даниел Јовески. Нивната работа ја следам уште од времето кога живеев во Македонија и аматерски се занимавав со музика. Ова е наша прва заедничка соработка, но судејќи според реакциите на публиката, сигурно не и последна. Енергијата ни се спои веднаш. Јас ги создадов музиката и аранжманот, додека за текстот и видеото, целосната доверба им ја дадов ним, вели Ристовски.

Тој веќе 5 години живее и работи во Швајцарија. Во Берн има и свое музичко студио, а освен со создавање музика чест гостин е на концертите кои ги организираат македонските здруженија во Швајцарија.

- Иако подолго време живеам во Швајцарија, сепак доста често сум на релација Скопје – Берн. Сакам да следам се што се случува на нашата музичка сцена. Соработувам со многу македонски и балкански музичари. Тие се и чести гости во моето студио во Берн, бидејќи дел од нив живеат тука. Освен нови песни, сакам да најавам уште еден голем проект кој започнува наскоро, а тоа е конкурс за млади текстописци, каде ќе се избира најдобар текст, а најдобриот млад текстописец ќе биде награден од страна на моето музичко студио, додава Ристовски, кој првиот сингл со наслов „Животот е како игра“ го објави пред една година.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk