logo
logo
logo

Васил од Ротердам порача: Ќе се обидувате да не скршите и потиштите, но нема да ви дозволиме! (ВИДЕО)

Vecer | 12.05.2021

Васил од Ротердам порача: Ќе се обидувате да не скршите и потиштите, но нема да ви дозволиме! (ВИДЕО)

По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува огромна одговорност, но воедно и ужива во предизвикот. Како предност го смета тоа што впрочем тој и беше дел од тимот кој таа година постигна историски успех, како придружен вокал на Тамара.

Овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев веќе е во Ротердам, Холандија подготвувајќи се за настапот на престижниот музички фестивал. Сѐ уште под импресии од првата проба која се случи на 8-ми мај, а во пресрет на втората која е закажана за денес, 12-ти мај, тој го имаше своето интервју при првата официјална прес- конференција во склоп на Евровизија 2021.

Meet & Greet North Macedonia from Eurovision Song Contest 2021 on Vimeo.

 

Нарекувајќи се перфекционист, Гарванлиев смета дека треба уште работа за клучните елементи на настапот да бидат усовршени.

„Сакаме да ја претвориме темнината во светлина“ – порачува Гарванлиев и објаснува дека токму тоа е функцијата на огледалата и златните светла во склоп на сценскиот настап. Инспирирани од кинтсукурој, јапонска техника со која скршениот порцелан се лепи со злато, Гарванлиев и сценската режисерка Тине Матулеси преку настапот се обидуваат да го доближат преносното значење до публиката.

„Како што реков, златото е инспирирано од кинтсукурој, јапонска техника со која скршениот порцелан залепен со злато станува уште поубав. Така започнува песната. А, огледалата ги користиме за да ја претвориме темнината во светлина. Ќе се обидувате да не скршите и потиштите, но нема да ви дозволиме“ – заокружува.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk