logo
logo
logo

Ваков фотошоп досега не сте виделе: Клои Кардашијан ќе зажали за оваа реклама (ФОТО)

Vecer | 25.02.2021

Ваков фотошоп досега не сте виделе: Клои Кардашијан ќе зажали за оваа реклама (ФОТО)

Клои Кардашијан е надалеку позната по своите естетски операции - од силиконскиот задник, па се до бројните филери и операции на лицето.

Но и покрај операциите, таа очигледно не е целосно задоволна со својот изглед па често користи и фотошоп кога станува збор за нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Како сопственичка на брендот „Good American“, најави издавање на нова линија чевли, а нејзината фотографија се појави на официјалниот профил на брендот на Инстаграм.

Но, единственото нешто што сите го коментираа е катастрофално лошиот Фотошоп. Стапалата ѝ изгледаа обемни и издолжени, а според лицето никогаш не би рекле дека Клои позира на фотографијата.

„Ова изгледа чудно“, „Издолжените стапала изгледаат погрешно“, „Ужасна реклама“, „Не сум сигурен кој ја уредувал фотката, но разбирам што сакале да постигнат. Сепак, не успеаја во тоа“, „Кој ја одобри оваа реклама?„, „Клои, те молам престани со операциите“ - беа само некои од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk