logo
logo
logo

Видео

Вака звучи КАЛИОПИ кога пее со детски хор: МАГИЈА!

Vecer | 11.06.2021

Вака звучи КАЛИОПИ кога пее со детски хор: МАГИЈА!

Калиопи заедно со детскиот хор „Чаролија“ во емисијата Студио ја отпеа песната „Небо ми сја“, моќна тема од албумот „Роѓени“ од 1988 година, на кој се најдоа и познатите хитови „Кофер љубави“ и „Бато“.

- „Небо ми сја“ ја имаа онаа ширина, моќ за која сметам дека ако допре повеќе срца ќе го осветли ова небо со поголема сила. И првата идеја која ми се создаде во главата беше да слушнам детски хор, вели Калиопи која песната ја спакува во нов аранжман.

Премиерната изведба е во сабота во 22:55 на РТС1.

- Мило ми е што таа песна сега оживува. Не знам кој беше повеќе возбуден - родителите или децата, рекла Леонтина по повод соработката на нејзиниот хор со Калиопи.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=n7vI1fTp3tg[/embed]

Во емисијата Калиопи ќе ја изведе и познатата тема „Македонија“ што своевремено ја отпеа Дадо Топиќ со групата Тајм.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk