logo
logo
logo

Уште еден познат новинар „УДРИ„ по Меган Маркл

Vecer | 24.03.2021

Уште еден познат новинар „УДРИ„ по Меган Маркл

Познатиот британски новинар и водител, Џереми Кларксон, се осврнал на лошиот однос помеѓу Меган Маркл и неговиот колега Пирс Морган, кој изјави дека војвотката од Сасекс лажела во големото интервју кај Опра Винфри.

Кларксон во колумна за „The Sun“ го коментирал овој случај и напишал дека поранешната актерка е омилена помеѓу „младите и глупавите кои веруваат дека нејзиниот бренд на глупаво изигрување на жртва еден ден ќе доведе до пропаст на монархијата. Но, нема“, вели тој и додава дека кралското семејство издржало и многу полоши работи како афери, абдикации...

Кларксон и Морган со години се во конфликт, но во споменатата колумна тој за првпат се сложува со мислењето на својот колега и вели дека големото интервју на војводата и војвотката од Сасекс кај нивната блиска пријателка е особено чудно, пишува „Insider“.

„Прилично сум сигурен дека ќе ги пребродат баналните размислувања на глупавата мала ТВ актерка. Верувајте ми, Меган е готова и за 5 години ќе позира пред Таџ Махал или на јахта на некој плејбој на Медитеранот, а кутриот Пирс ќе сфати дека без причина ја изгубил својата работа“, вели Џереми.

За потсетување, по скандалозното интервју кое одекна низ светот, Морган во шоуто „Good Morning Britain“ изјави дека верува дека Маркл лажела за своите суицидални мисли, а за кои обвинува одредени членови на кралското семејство.

Откако неговиот колега во емисијата го искритикува за ваквата изјава, Морган бесно го напушти студиото, а потоа и си даде отказ.

Точка.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk