logo
logo
logo

Ураганките СОБОРИЈА РЕКОРД, песната „Loco Locо“ со НАЈМНОГУ прегледи на Youtube

Vecer | 22.05.2021

Ураганките СОБОРИЈА РЕКОРД, песната „Loco Locо“ со НАЈМНОГУ прегледи на Youtube

24 часа од втората полуфинална вечер на Евровизија, песната „Loco loco“ на српските претставнички на Евровизија го собори рекордот како балканска нумера со најмногу прегледи за 24 часа. Имено, настапот во живо на Евровизија достигна неверојатна бројка од 3,6 милиони прегледи за само 24 часа на Јутјуб

Ова е воедно и прва песна од подрачјето на Балканот која го постигнала тој рекорд.

Кога станува збор за светските нумери, рекордот за најголем број на прегледи за 24 часа вчера го собори корејската група „BTS“, која за време на првиот ден од премиерата на синглот „Butter“ имаше повеќе од 113 милиони прегледи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk