logo
logo
logo

Уличните фотографи честопати налетуваат на убави девојки

Vecer | 24.02.2023

Уличните фотографи честопати налетуваат на убави девојки

Уличните фотографи честопати налетуваат на убави девојки, кои можат да застанат рамо до рамо со многу познати топ модели. Фотографот Лук Менард забележал згодна девојка на улица во Њујорк, која одела покрај него облечена во кожен мантил додека зад себе влечела куфер. Тој бил занесен од нејзината софистицирана убавина, бидејќи оваа платинеста русокоса го потсетила на легендарната актерка Мерлин Монро.

Фотографот скептично ѝ пришол на жената, па откако ѝ упатил комплимент, ја замолил да ја фотографира, на што жената се согласила. Иако на прв поглед делува срамежливо, во следниот момент таа го раскопчува мантилот и позира во стилот на Мерлин Монро мамејќи погледи на случајните минувачи.   

- Не ми се верува дека оваа жена всушност не е модел. Обожавам да запознавам луѓе кои се прекрасни на секој можен начин, а Ана има стил, енергија и убавина - стои во описот на фотографијата на фотографот Лук Менард, која на Фејсбук е прегледана 3,1 милион пати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk