logo
logo
logo

Уапсен синот на легендарниот Мајкл Џордан: Возел под дејство на алкохол и имал кокаин

Vecer | 05.02.2025

Уапсен синот на легендарниот Мајкл Џордан: Возел под дејство на алкохол и имал кокаин

Ова не е првпат Маркус Џордан да се најде во центарот на вниманието на медиумите поради лоша постапка или дело.

Пред седум месеци Маркус е снимен како наводно консумира бел прав додека бил на одмор во јужна Франција.

Синот на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, се најде во сериозни проблеми со законот откако беше уапсен во округот Оринџ, Флорида.

Инцидентот со Ламборџини на железничка пруга резултираше со повеќе обвиненија. Маркус е обвинет за возење под дејство на алкохол, поседување кокаин и давање отпор при апсење.

Маркус Џордан бил запрен од полицијата на Мејтленд во раните утрински часови овој вторник, откако неговото возило било забележано на железничка пруга. Според полицискиот извештај, неговиот син Ламборџини бил делумно затрупан во нечистотија и чакал, со оштетен заден браник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk