logo
logo
logo

Уапсен Џастин Тимберлејк, возел пијан

Vecer | 19.06.2024

Уапсен Џастин Тимберлејк, возел пијан

Според фотографиите од мигот на апсењето во Сег Харбор во американската сојузна држава Њујорк, но и според полициските записи, пејачот со црвени очи и недефиниран и „стаклен“ поглед, едвај се држел на нозе.

Според наводите, Тимберлејк пиел со пријатели во бар пред да реши да седне зад воланот на своето „БМВ“. Кусо потоа бил застанат од полицијата, па одбил алкотест. Тој тврдел пред полицајците дека испил само едно мартини, но според извештајот, имал нејасен говор и многу слаба концентрација, пренесува „Дејли мејл“.

Пејачот имал и нестабилно одење бидејќи паднал на тестот за трезвеност на тло.

Сепак, на кусото сослушување по апсењето, Тимберлејк се изјаснил за невин. Сепак, тој излегол од Судот ослободен без кауција, но забрането му е да вози една година во Њујорк. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk