logo
logo
logo

Црвениот тепих од Канскиот фестивал ќе се распродава за едно евро од килограм

Vecer | 08.06.2025

Црвениот тепих од Канскиот фестивал ќе се распродава за едно евро од килограм

Еден и пол тон црвен синтетички материјал, на кој многу ѕвезди од светската кинематографија оставиле траги, ќе „го живее својот втор живот“ во Марсеј во рацете на стилисти, за потребите на театарски трупи или модни ревии, објавува денес „Фигаро“.

- Се продава како едноставен фин црвен филц, а не како тепих од Канскиот филмски фестивал - објасни Жан Ре, координаторка на Здружението за управување со отпад во креативниот свет, кое Канскиот филмски фестивал го плаќа за „ревалоризација“ на своите теписи.

Како што изјави таа, оваа ткаенина не се продава како маркетиншки акцент на фестивалскиот тепих, туку се препродава по истата цена по која е купен, со цел повторно да се користат елементи кои не се наменети за рециклирање, бидејќи Канскиот филмски фестивал ја зема предвид заштитата на животната средина.

- Така, црвениот тепих од  Кан ќе се препродава по цена од едно евро за килограм - рече таа.

Од тепихот во Кан може да се направат класични женски чанти, но и торби за шишиња вино, футроли за очила, како и разни уникатни предмети, објаснува Елса Рамуни-Јордикијан, клиентка на Здружението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk