logo
logo
logo

Цеца ги упати новинарите да истражуваат, кога ја прашаа за местенката со бугарското знаме во Велес (ВИДЕО)

Vecer | 03.11.2025

Цеца ги упати новинарите да истражуваат, кога ја прашаа за местенката со бугарското знаме во Велес (ВИДЕО)

Сепак, откако некој од публиката ѝ подаде бугарско знаме, пејачката се завитка во него.

Овој гест предизвика мешани реакции кај публиката во Велес - додека некои гласно аплаудираа, други беа изненадени од потегот, а како што првично објавија домашните медиуми, пејачката беше принудена да ја напушти сцената поради гласните протести, иако кратко потоа го продолжи концертот, откако го спушти знамето, објави Мондо.

Пејачката денеска дојде да сними емисија, и иако на почетокот се смееше, нејзиното расположение брзо се промени откако новинарите ја замолија да коментира за настаните во Велес.

„Дали сте новинари? Зошто не истражувавте“, одговори пејачката на прашањето, а потоа лутододаде:

„Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената! Дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа... Мислам, чест на исклучоците, а има и такви што ги шират тие глупости“, продолжи Цеца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk