Тревис Келси, ѕвездата на НФЛ, идната година би требало да „застане на лудиот камен“, а некои детали од свадбата со пејачката Тејлор Свифт веќе се познати на јавноста.
Новото поглавје во неговиот живот го наведе да ја преиспита својата професионална кариера како играч на НФЛ, а во интервју за „Amazon Prime Video“ зборуваше за понатамошните чекори, иако - сè уште неопределени.

„Мислам дека сè уште го барам вистинскиот одговор. Ќе знам кога навистина ќе заврши“, рече тој.
Иако не ги откри деталите за своите планови, многумина веруваат дека Тревис ќе започне втора кариера - кариера на медиумска личност, со оглед на тоа што веќе има армија од свои обожаватели.
Треба да се напомене дека Џејсон (братот на Тревис) и Тревис веќе имаат заеднички подкаст наречен „Нови височини“, што е повеќе од успешен проект.
Извор од индустријата за забава вели дека браќата „имаат и нов проект“, поттикнувајќи ги гласините за ново ријалити шоу.
Браќата Келси сè уште не дале коментар, па дури ни портпаролот на ѕвездата на НФЛ не одговори на прашањето на списанието Page Six за гласините за пензионирање.

Сепак, без разлика на се, Тревис го очекува свадба со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, а сите - и странските и домашните медиуми - со нетрпение го очекуваат ова со години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата