Гордана Здравјовиќ прозборе за врската на Тома со легендарната Силвана Арменулиќ, за која призна дека е неговата животна љубов.
"Имаше големо пријателство меѓу нив, но таа беше недостижна за него. Верувам дека никогаш немаше храброст да и каже дека ја сака. Кога таа умре, тој беше очаен. Се сеќавам дека тоа ни го кажа Лепа Лукиќ. Никогаш таков не сум го видела, толку тажен“, рече Гордана.
Силвана беше една од најголемите југословенски ѕвезди, а трагедијата и стави крај на животот на 37 години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата