Легендарниот пејач на народна музика Тома Здравковиќ доби споменик среде белградска Скадарлија, и тоа во близина на кафеаната „Два јелена“. Иницијативата за поставување на споменикот ја поднесе Расим Љајиќ, кој истакна дека Скадарлија е вистинското место за споменик на великанот на народната музика.
Бистата беше откриена со песната на покојниот пејач „За Љиљану“, а вдовицата Гоца не можеше да ги сокрие солзите. Во еден момент таа се приближи до бистата и го допре секој дел од статуата, додека ќерката ги криеше солзите зад очилата. Тома Здравковиќ еден од последните кафеански настапи го имал во интимна атмосфера само за избрани луѓе токму во Скадарлија.
Заслу