logo
logo
logo

Том Круз повторно сам: КРАЈ НА ЉУБОВТА!

Vecer | 25.09.2021

Том Круз повторно сам: КРАЈ НА ЉУБОВТА!

Актерот Том Крз (59) и неговата британска колешка Хејли Атвел раскинале после една година врска, пишува Сан.

Се чинеше дека нивната врска ветува - беа видени на Вимблдон, се појавуваа заедно во јавноста, но сепак очигледно после се решиле да бидат само пријатели.

- Одлично се согласуваа, но како што се наближуваше крајот на снимањето на седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, сепак решија да бидат само пријатели, открил извор близок до актерот за Сан.

Изворот истакнал и дека тие и „понатаму се среќни што заедно работат на филмот“, чие снимање заради карантините во неколу наврати се прекинуваше.

Том Круз и Хејли заедно ја снимаат “Невозможна мисија 7“, а мета на папараците и медиумите се уште од првиот ден затоа што беа неразделни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk