logo
logo
logo

Тејлор Свифт ќе се испроба и во филмската уметност, ќе го режира својот прв филм (ВИДЕО)

Vecer | 11.02.2024

Тејлор Свифт ќе се испроба и во филмската уметност, ќе го режира својот прв филм (ВИДЕО)

Според порталот World of Reel, ова не претставува крај на соработката меѓу Дизни и поп ѕвездата.

Имено, Свифт веќе подолго време планира да се пресели во филмските води, а тој момент е сѐ поблиску. Пејачката во декември 2022 година објави дека планира да сними филм за продуцентската куќа „Searchlight“ во сопственост на Дизни и ќе започне со снимање веднаш штом ќе ја заврши својата светска турнеја „Ерас“.

Свифт веќе го напиша сценариото за долгометражен филм кој самата ќе го режира. Познатата пејачка досега има режирано дури 18 спотови, а во 2021 година го напиша и режираше краткиот филм All Too Well: The Short Film, за кој многумина тврдат дека е инспириран од нејзината неуспешна врска со актерот Џејк Гиленхал.

Свифт веќе има добиено бројни признанија за нејзините режисерски потфати. Кинематограферот Родриго Прието рече дека Свифт е „одличен режисер“, додека режисерот на „Дедпул 3“, Шон Леви ја спореди со Стивен Спилберг.

Бидејќи Свифт ќе ја помине речиси цела 2024 година на турнеја, која ќе трае до 8 декември, продукцијата на филмот треба да започне или кон крајот на оваа година или на почетокот на следната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk