Пејачката ова го напиша синоќа на Инстаграм, прославувајќи го крајот на својата успешна турнеја во Америка.
Многумина мислеа дека Свифт ќе присуствува на последниот предизборен митинг на американскиот потпретседател и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис во Пенсилванија, но наместо тоа, пејачката го бодрела своето момче Тревис Келце додека тој играл за Канзас Сити Чифс, објави Скај њуз.
Тејлор Свифт порасна во Пенсилванија, поради што многумина мислеа дека ќе ја поддржи Камала Харис на митингот во таа држава што се смета за клучна за одредување на исходот од денешните претседателски избори.
Инаку, пејачката во септември јавно ја објави својата поддршка за Камала Харис.
Свифт ќе ја продолжи својата канадска турнеја следната недела, со шест концерти во Торонто и три во Ванкувер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата