logo
logo
logo

Тејлор Свифт денеска го издава новиот албум

Vecer | 03.10.2025

Тејлор Свифт денеска го издава новиот албум

Поп-пејачката ја продолжува традицијата на „тајни кодови“ и „загатки“ во своите уметнички дела. Албумот е инспириран од нејзината рекордна турнеја „Ерас“, којашто ѝ донесе 2 милијарди долари од продажба на влезниците. Свифт го опиша тоа како „најрадосниот и најдраматичен период“ од нејзиниот живот, ветувајќи „вистински хитови“. На снимките се јавуваат и шведските продуценти Макс Мартин и Шелбек, кои работеа со неа на песните „Shake It Off“ и „22“.

Паралелно, предвидени се и кинопроекции на снимки од зад сцената и музички видеа, од коишто се очекува приходите да достигнат 50 милиони долари. „Танцувањето е по избор, но е препорачливо“, напиша Свифт на шега на својот инетрнет-простор.

„Шоугрл“ е веќе најпретплатениот албум во историјата на „Спотифај“, надминувајќи го рекордот на претходен проект на Свифт - „The Tortured Poets Department“. Меѓу уметниците-гости на албумот е и Сабрина Карпентер. Во САД, албумот ќе биде објавен и во специјални винилни изданија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk