Миле Јовановски, таткото на Боки 13, буквално се распадна пред камерите на српски Блиц и низ солзи зборуваше за својот син кој е во затвор и кому, како што вели, му останале само 10 проценти од желудникот. Јовановски постариот зборува и за тортурата која ја преживува неговиот син, но и вербата дека од затворот ќе излезе посилен од кога било. Боки беше уапсен во акцијата Рекет и осуден заради измама и перење пари.
– Ми недостига Боки. Неговото здравје не е добро, има речиси 10 проценти од желудникот, а има и други здравствени проблеми. Оваа влада го третира како да е најголемиот терорист во историјата. Катастрофа, тоа е страшно мачење. Тој нема услови таму. Треба да јаде по малку 8, 9 пати на ден. Тој бара да се одмори од казната, но тоа не му го даваат за да се опорави малку. Тој е инвалид на кој му треба помош, вели Миле и додава дека мајка му оди во посета.
– Боки е жив оган. Тој го прави она што никој не го знае и не може. Боки е осуден за пропаганда. Некој го искористил. Тој е во затвор, а другите се кријат. Смешно е, знаат сите граѓани. Марина додека беше жива доаѓаше и Фута. Кога дојде до тоа спектакуларно апсење, многу луѓе го напуштија. Немале докази, а го осудиле, вели Миле Јовановски.
Таткото на Боки 13 на крајот од интервјуто почнува да плаче и испраќа порака до луѓето кои сѐ уште го сакаат и поддржуваат неговиот син, дека Бојан ќе се врати од затвор како нов човек.
– Ја отвори таа телевизија, работеше беспрекорно. Тој сè уште ја сака музиката до ден-денес. Уште како дете почна да се бави со водителство. Се гледаше дека е шоумен, имаше 10, 11 години. На 13 години ја донесе Руслана. Соседите го поздравуваат, сите го фалат, го охрабруваат да издржи. На луѓето кои го сакаат би им рекол „очекувајте го новиот Бојан“, вели татко му.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата