logo
logo
logo

Тарантино оваа есен почнува со снимање на својот последен филм во кариерата

Vecer | 30.03.2023

Тарантино оваа есен почнува со снимање на својот последен филм во кариерата

„Го завршив сценариото за она што ќе биде мојот последен филм“, изјави режисерот на филмовите Pulp Fiction, Kill Bill и Inglourious Basterds, интервјуиран во Париз.

„Претпоставувам дека веројатно ќе го снимам наесен“, рече тој и додаде дека сите гласини за филмот се шпекулации. Дејството на филмот под работен наслов „Филмскиот критичар“ ќе се одвива во 1977 година, изјави тој.

„Не е посветен на новинар и филмски критичар и не е биографски филм за Полин Каел“, иконата на New Yorker, кој почина во 2001 година, како што неодамна објавија некои медиуми“, тврди Тарантино.

Режисерот на филмови полни со кинефилски референци, 60-годишниот Тарантино веќе му оддаде почит на американската кинематографија од доцните 1960-ти и раните 1970-ти во неговиот најнов, деветти филм „Беше еднаш во Холивуд“ (2019).

Тарантино постојано повторуваше дека сака да ја заврши кариерата откако ќе сними десет филмови, сметајќи ги двата Kill Bill како еден, што дополнително ги подгреа очекувањата на неговите фанови за новиот филм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk