logo
logo
logo

ТАЛАТ МЕНУВА ПРОФЕСИЈА - сакал да стане пејач: Вежбал под ТУШ!

Vecer | 30.04.2021

ТАЛАТ МЕНУВА ПРОФЕСИЈА - сакал да стане пејач: Вежбал под ТУШ!

Дритон Вејсели или Талат е еден од омилените ликови од Преспав, а така е затоа што е неверојатно забавен и харизматичен лик. Кога го гледате или зборувате со него всушност и не знаете кој седи пред вас - Талат или Дритон, иако вели дека овие двајца приватно никогаш не се сретнале. Во актерството се пронашол, иако примарната професија му е сосема поразлична. И тоа не е се, зашто признава дека може ќе батали се и ќе стане и пејач.

Вели се пробал и да пее. Држел и концерти, додуша под туш и само за комшиите, кои не се жалеле, па затоа не била исклучена можноста во некои подобри времиња да се проба и како пејач. Сака фудбал и има омилени фудбалери, ама најгорд е на македонската репрезентација и на успехот.

Кога се жените во прашање, пак, е тука има една голема дилема и се мачи со вечното прашање - што е со жените.

- Често пати сум се прашувал, никако да дојдам до некој одговор. Не знам што е со жените. Заљубен сум, вели, но не кажува во кого. Не бил одавде!

Вели Талат или Дритон никогаш не се сретнале во приватниот живот, а не знал ни кого повеќе сакале жените. Голфот му е омилена кола зашто ако се расипел дел можело да се купи во првата трафика.

- Си купувач дел и крем бананче, вели Дритон.

А што уште кажа седна на Жешкото столче, погледнете во видеото во продолжение:

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=IvVlUqsrlZs[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk