logo
logo
logo

Стефан Ѓуриќ Раста е УАПСЕН СИНОЌА ВО ОХРИД - СО МАРИХУАНА

Vecer | 03.08.2025

Стефан Ѓуриќ Раста е УАПСЕН СИНОЌА ВО ОХРИД - СО МАРИХУАНА

Стефан Ѓуриќ Раста е уапсен синоќа, 2 август, во Македонија, во Охрид.

Раперот бил приведен вечерта поради поседување марихуана, а потоа полицијата ја претресла неговата хотелска соба.

Сè се случило пред хотелот, пред очите на минувачите, само неколку моменти пред да треба да настапи на стадионот во Охрид.

-На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Се очекува понатамошниот тек на постапката во врска со овој случај.

Да потсетиме дека Раста веќе беше уапсен во 2020 година, кога кај него беа пронајдени пет грама марихуана, а по претресот на станот беше пронајдена и дополнителна количина сканк.

Потоа помина три месеци во притвор, а подоцна беше осуден на осум месеци домашен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk