logo
logo
logo

Српски јутјубер шокираше со изјавите за злоставување: Жени вие сте послабиот пол, ако маж сака секс нема тука "не"!

Vecer | 09.04.2021

Српски јутјубер шокираше со изјавите за злоставување: Жени вие сте послабиот пол, ако маж сака секс нема тука "не"!

Српскиот јутјубер Никола Јовановиќ, познат како Никса Зизу, во своето гостување на телевизија „Хајп“ шокирал со своите изјави за злоставување и силување.

Тој истакнал дека мажите првенствено ги гледаат жените како сексуален објект, на што водителките Милица Вуклиш и Јована Андрејиќ се обиделе да му укажат на проблематиката во неговите изјави.

– Не поддржувам насилство, но жени, мора да размислите малку со кого се гледате и зошто се гледате. Немојте да влегувате во автомобил со некој ако ве повика во 22 часот, особено ако е постар од вас, се знаете што тој сака од вас – набројувал јутјуберот.

Водителката потоа му напоменала дека никој нема право некого сексуално да злоставува, дури и ако шета гол на улица, но јутјуберот продолжил по свое.

– Тоа што имате или немате право не значи дека не сте вие виновни. Ако налетате на некоја таква будала која е пијана или дрогирана, а вие шетате полуголи на улица, вие сте винови. Виновни сте вие што сте поминале таму, не е само тој виновен – рекол тој.

-Тука нема не. Треба да знаеш дека си послабиот пол. Испраќаш голи фотографии на маж и доаѓаш кај него дома гола навечер, и ако му кажеш „не“, тоа е многу голем проблем, разбираш? Треба да знаеш што правиш и кај кого одиш, мора да знаеш дека си послабиот пол – инсистирал тој.

Потоа набројувал и дека жените не би требало да им се спротивставуваат на мажите, што се однесува до ставовите.

– Ти треба на мажот да му кажеш – да, за сè си во право – набројувал јутјуберот, после што водителките го напуштиле студиото.

„Ете, така треба, да се извиниш и да излезеш“, продолжил јутјуберот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=mgFY03BDqog&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk