На интернет кружи видео од настап на српската фолкерка Рада Манојловиќ во кое таа ја пее нашата „Македонско девојче“, но со очигледно подизменет текст. Имено, наместо „китка шарена“, луѓето пишуваат како што звучи, Рада пее „ки*а шарена“, што секако наиде на голема осуда.
Сепак, вистината е дека така испаднало бидејќи на сцената имала технички проблем, што Рада и го потврдила за тамошните медиуми.
- Бидејќи гледам дека ова видео има огромен број прегледи, чувствувам должност да се изјаснам. Знаете дека никогаш не употребувам недолични и вулгарни зборови во моите песни, а камоли така да го отпеам најголемиот македонски хит, рекла таа, па додала: - Точно е дека звучи така, но само затоа што микрофонот прекина во тој момент. Не знам дали е кабелот или што, ама така е. И тоа не се случи само на таа песна, туку и на други во текот на вечерта, имавме проблем со кабелот и адаптерот, но, секако, за жал, ја имав несреќата да пукне токму на тој збор и некој да го сними тоа. Не сакам никого да навредам, знаете дека тоа не е мој стил.
Инаку, претходните изведби на оваа песна на Рада може да се слушнат на Јутјуб, а на секоја таа ја пее песната онака како што е оригинално изведена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата