logo
logo
logo

СРЕЌА И НЕСРЕЌА

Среќа е што Маре и направи ПЕСНА на Бојана! Уште поголема ќе е ако и спакува победничка, ЕВРОВИЗИСКА!

Vecer | 28.05.2022

Среќа е што Маре и направи ПЕСНА на Бојана! Уште поголема ќе е ако и спакува победничка, ЕВРОВИЗИСКА!

„Среќа и несреќа“ е насловот на новата песна на Бојана Скендеровски, која за неа ја стокми познатиот композитор од соседството Саша Милошевиќ-Маре. Премиерното преслушување се случи на синоќешната промоција одржана во продукцијата „Скендеровски“, а освен што песната е снимена на македонски има и своја српско-хрватска верзија, што всушност е и најава за пробив на регионалниот пазар на Бојана.

-Бојана е одлична. Имате, што би се рекло добар извозен материјал, рече на промоцијата композиторот Маре, кој патем беше и автор на победничката евровизиска песна „Молитва“ на Марија Шерифовиќ и дел од жирито во шоуто „Никогаш не е доцна“.

Бојана во истовреме на јавноста и го претстави и видеото за темата, а сопругот Васко освен со огромен букет ја изненади и со видео кое всушност беше своевидно патување низ 20-годишната кариера на пејачката.

- Маре е мојот омилен композитор и среќна сум што ја имам честа да соработувам со него. Нѐ запозна Кеба, тој е наш семеен пријател, рече Бојана, која патем откри и дека е пресреќна со финалниот производ, но и со фактот дека конечно ја има песната која долго ја чекала.

Слушнете ја новата песна:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk