Многумина велат дека нема ништо подобро кога бизнисот и задоволството ќе се спојат!
Така е сега и во случајот со супермоделот Изабел Гулар.
Бразилската манекенка моментално ужива во тропските предели и промовира облека од познати брендови, па ја искористи можноста да ги израдува своите 4,4 милиони следбеници на Инстаграм.
Епитетот што го носи покрај своето име - најубавата жена на светот - повторно го потврди иако има околу 40 години.
Последната објава на оваа популарна социјална мрежа ја „запали“фантазијата на многу мажи, а рамнодушни не можат да останат ниту жените.
Убавата Изабел инаку е во брак со голманот на Ајнтрафт, Германецот Кевин Трап.
Изабел и Кевин врската ја започнаа во 2015 година, а во 2018 година направија веридба. Сега како пар привлекуваат големо внимание.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата