logo
logo
logo

Сплав во Белград, каде се прослави Аца Лукас, се продава за 666.000 евра- 3 години нема купувач

Vecer | 15.06.2024

Сплав во Белград, каде се прослави Аца Лукас, се продава за 666.000 евра- 3 години нема купувач

Сплавот што го прослави фолк пејачот Аца Лукас во 90-тите се продава за 666.000 евра, а во 2021 година еден медиум објави дека Кинезите најмногу ги интересира „објектот на вода“, објави Телеграф.

Интересно, поскапувањето на недвижностите не се одразил на сплавот „Лукас“, па се продава по иста цена како во 2021 година, кога се огласуваше. Инаку, поради начинот на изработка и широчината, сплавот нуди можност на него да се изведат три вида активности.

„Во долната палуба на сплавот има стан, површина 229 м2, кој има сауна, бања, дневна, спални соби...идеален за изнајмување стан за дневен престој. На приземје е ноќен клуб, површина 309 м2, комплетно наместен со прекрасна тераса со поглед на Калемегдан. Горе е галерија на 2 нивоа (576 м2), комплетно опремена за разни веселби, свадби со капацитет од околу 250 луѓе, која има и прекрасна, голема тераса. Секој агрегат има посебен влез како и посебно подно греење, што овозможува да биде во функција 12 месеци во годината, се наведува понатаму.

Од агенцијата за недвижности преку која се продава сплавот во 2021 година изјавија дека „Лукас“ се продава затоа што сопственикот сака да се повлече од бизнисот.

- Има луѓе кои се заинтересирани, а најмногу се Кинези кои сакаат да отворат ресторани таму. На Лукас е можно да се отворат три ресторани. Тоа е деловен простор на најсилната локација во Белград - рекоа тогаш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk