Таа го гледаше натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина, кој заврши со победа на Шпанците од 1:0, во друштво на нејзиниот син Маноло, момчето Даглас Шабот и пријателите.
Атмосфера од стадионот на Инстаграм
Таа сподели серија фотографии и видеа од настанот на својот Инстаграм профил. За жешкиот летен ден, таа избра кафеав топ со прерамки, фармерки и бели патики, а комбинацијата ја комплетираше со очила за сонце.
Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ позираше со својот 34-годишен син Маноло Гонзалез Вергара и пријателите, а објави и неколку селфиња со момчето Даглас Шабот. На една фотографија, двојката е прегрната додека натпреварот се одвива во позадина. Во објавата, таа ги тагна и своите пријатели Луис Балагер и Алехандро Асен, а со една фотографија напиша: „Возбудата од Светското првенство“.
Проблем со билетите и порака до Шакира
Вергара, исто така, накратко се појави во преносот од натпреварот на Телемундо, за кој претходно снимаше промотивни кампањи со актерот Овен Вилсон. Во интервју за списанието „Пипл“, таа призна дека нејзиниот најголем предизвик за време на првенството бил да обезбеди доволно билети за членовите на семејството.
„Ќе биде убаво што ќе гледаме неколку натпревари заедно, ќе се дружиме и ќе го собереме семејството, но не беше лесно да се одлучи кој ќе ги добие билетите“, рече таа низ смеа. Додаде дека ваквите „слатки грижи“ сепак се дел од целокупното искуство.
Таа, исто така, откри дека пред финалето, слушнала од нејзината сонародничка Шакира, која настапила на полувремето. „Ми прати порака и ме праша дали доаѓам на натпреварот. Навистина се радувам на нејзиниот настап, ќе биде фантастичен“, рече Вергара.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата