logo
logo
logo

Софија Вергара ја збуни јавноста – Дали вака изгледа во шестата деценија?

Vecer | 15.07.2026

Софија Вергара ја збуни јавноста – Дали вака изгледа во шестата деценија?

Софија Вергара го прослави својот 54-ти роденден во Италија и преку фотографиите од патувањето уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните жени во Холивуд. Актерката своите роденденски моменти ги сподели на Инстаграм, каде посебно воодушевување предизвика кадарот каде таа позира на јахта во црвено бикини, со препознатлив пејзаж од италијанскиот брег.

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, позира во едноставен црвен костим за капење што ја истакнува нејзината витка фигура. Бев впечатливи модни додатоци, Софија уште еднаш докажа дека за добар летен кадар е потребно многу малку.

Роденденската фотографија предизвика лавина реакции

Долгата костенлива коса ѝ паѓа преку рамената, додека шминката е прилагодена на нејзиниот препознатлив гламурозен изглед. Усните ги нагласила со неутрален кармин, а целото издание го надополнила со дискретно синџирче, бразлетна и часовник.

Фотографијата за брзо време предизвика над стотина илјади реакции, а коментарите од обожавателите кои не го криеја своето воодушевување само се нижеа. Многумина ѝ порачаа дека изгледа многу помладо, а комплиментите на сметка на нејзината фигура, енергија и самодоверба пристигнуваа од различни делови на светот.

Софија покрај својата објава им се заблагодари на сите кои ѝ го честитаа роденденот, духовито осврнувајќи се на големиот број торти што ги добила за време на прославата.

Толку сум среќна за љубовта што ми ја дадовте вчера. Тоа беше најдобриот ден во мојот живот и ѝ благодарам на Италија за сите 300 торти! 54 е добар број! – напишала таа.

Цветен фустан и патики за прошетка низ Капри

За време на роденденското патување, Софија Вергара прошета и низ улиците на Капри. За оваа прилика таа избрала цветен фустан со средна должина кој ја следи линијата на телото и ги нагласува нејзините облини по кои со години е препознатлива.

Наместо сандали со висока потпетица, како што најчесто носи на јавни настани, актерката избрала бели патики. Неочекуваниот спој на романтичниот фустан и спортските обувки се покажа како модерен и практичен избор за прошетка по камените италијански улици.

Актерката како вистински турист застана и на сладолед. Токму тој опуштен кадар ја покажува другата страна од нејзиниот одмор – без црвениот тепих, комплицираните креации и строго смислените пози.

Прослава со семејството, пријателите и многуте торти

Роденденската прослава се одржа на луксузна јахта на италијанскиот брег со нејзините пријатели и семејството. Меѓу гостите беше и нејзиниот син Маноло Гонзалес Вергара, а на снимките што ги сподели има музика, танцување, прскалки и голем број торти, вклучувајќи ја и онаа со нејзиниот лик.

За вечерната прослава, славната актерка избрала припиен црвен фустан без прерамки, останувајќи доследна на бојата што ги обележа нејзините роденденски фотографии. Со песна, смеа, дување свеќи, Софија уживаше во вниманието од најблиските.

Бројни честитки ѝ упатија и пријателите и колегите, но и милион обожаватели кои со години ја следат нејзината работа. Наместо годините да ги доживува како ограничување, Софија Вергара 54-тиот роденден го обележа токму онака како што се очекува од неа – со гламур, добра забава и самодоверба што ниеден фустан не може да ја замени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk