Славната Софија Лорен, која на 20 септември наполни 89 години, се лизнала во бањата и паднала во својот дом во Женева, пишува италијанскиот весник „Кориере“.
- Извор близок до весникот вели дека Лорен веднаш била пренесена во болница за да биде прегледана и дијагностицирана со фрактура на бутната коска. Поради тешка повреда таа мораше да биде оперирана, информирал изворот.
- Софија попладнето е оперирана со позитивен исход, сега ја чека рехабилитација - напишаа тие. Имено, пред повредата, италијанската дива се подготвувала за патувањето и отворањето на четвртиот ресторан кој го носи нејзиното име во Италија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата