logo
logo
logo

Со љубов за Тоше - концерт пред спомен-куќата во Крушево

Vecer | 02.10.2023

Со љубов за Тоше - концерт пред спомен-куќата во Крушево

На 5 октомври со почеток во 19 часот на „Гумење“ во Крушево, пред спомен-куќата „Тодор Проески“ по втор пат ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески.

Дел од настанот во чест на нашата најголема музичка ѕвезда ќе бидат Фрајле, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и Инвиктус бенд.

Концертот под мотото „Со љубов за Тоше“ се одржува на денот на последниот концерт на Тоше одржан неколку дена пред неговата трагична смрт на Градскиот стадион во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk