Најдоцна до среда телото на Лиам треба да биде во Велика Британија, а погребот да се изврши во катедралата Св. Павле во Вулверхемптон, пренесува The Sun.
Телото на Лијам беше привремено сместено на британските гробишта во Буенос Аирес два дена по неговата смрт, додека локалните власти спроведоа истрага за околностите на неговиот пад. Овие гробишта биле основани од страна на британската заедница во Аргентина во 19 век за да обезбеди погребно место за нивните членови.
Да потсетиме дека јавноста и фановите на One Direction неодамна беа погодени од веста за смртта на Лиам Пејн. Британскиот пејач почина во Буенос Аирес. Тој беше пронајден мртов пред хотелот Каса Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Тој починал на место на настанот од повеќе повреди, меѓу кои и фрактура на черепот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата