Познатиот актер денес има 94 години, а за него во последните две децении се знае многу малку.
Актерот кој го паметиме во улогата на Лекс Лутор, непријателот на Супермен, како и од филмовите „Прислушување“ или „Француската врска“, се пензионираше пред повеќе од две децении, по што ретко кој успеа да го види во јавноста.
Имено, тој сега живее во Санта Фе, а се појавија папарацо фотографии од него и неговата сопруга, кои последен пат беа заедно во јавност на доделувањето на Златните глобуси во 2003 година.
Ѕвездата на „Бони и Клајд“ се пензионираше веќе следната година, а последен пат беше видена во март 2023 година, за време на ретка фотосесија на папарацо.
Хекман и Бетси Аракава првпат се запознале кога таа работела во теретана во Лос Анџелес, каде што тој често одел.
Тие се венчаа во 1991 година и немаа заеднички деца. Актерот сега има неверојатни 94 години, додека Бетси има 62 години.
Хекман има три деца, Кристофер, кој е само две години постар од Бетси, како и Елизабет (61) и Лесли (57) со неговата сопруга Феј Малтезе.
Тој беше во брак со неа 30 години, пред да се разведат во 1986 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата