logo
logo
logo

СКАПО: Се продава луксузната вила на Николина Пишек и покојниот Видоје

Vecer | 01.10.2022

СКАПО: Се продава луксузната вила на Николина Пишек и покојниот Видоје

Луксузната вила во загрепско Шестине, која ја уредувале покојните Видоје Ристовиќ и Николина Пишек, е ставена на продажба.

За вилата ќе треба да издвоите 1,7 милиони евра, пишува Индекс.

Куќата е изградена во 2012 година, има 420 метри квадратни со двор од 1460 метри квадратни. Целосно завршување на работите се очекува во јануари.

Куќата има пет соби и базен.

„Уникатна куќа лоцирана во Шестине на мирна улица со прекрасен поглед и базен. Планираното завршување е во јануари. Куќата има отворен ентериер со голема дневна соба, кујна со пристап до базен, 3 спални соби, и простор за персонал. Опремена е со материјали со врвен квалитет, алуминиумска столарија, греење преку топлински пумпи, подно греење поставено на целата површина на куќата, систем за паметна куќа, подготовка за соларни панели, терацо подни облоги низ целата површина на куќата. Единствена можност на пазарот“, стои во описот на агенцијата.

Да потсетиме дека Николина планирала да живее во Загреб со Видоје.

Куќата ја купиле минатата година, а српските медиуми пишуваат дека парот подигнал два кредити за куќата. Куќата ја купиле откако Николина се отрула со јаглерод моноксид во нејзиниот стан во Загреб.

„Шансата не спаси. Мојот сопруг, кој не беше во Загреб, реагираше најдобро што можеше. Да беше спроведена мојата одлука, немаше да бидеме живи. Разговарав со мојот сопруг кога дојдов од градот со ќерка ми, реков ајде да одиме да гледаме филм. Му се јавив околу полноќ и реков дека не се чувствувам добро и Уна повраќа. Му реков дека ќе одам на лекар наутро. Но тој инсистираше да одиме вечерта. потоа повторно ме барал, но не сум се  јавила на телефон, бидејќи изгубив свест. Подоцна слушнав од него дека по ред им се јавил на другарите и успеал да добие една наша пријател кој ни ги спаси животите“, изјави тогаш Николина.

Фото: Индекс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk