logo
logo
logo

СКАНДАЛ во Хрватска заради ХУЛАХОПКИТЕ на ЛЕПА БРЕНА!

Vecer | 11.12.2023

СКАНДАЛ во Хрватска заради ХУЛАХОПКИТЕ на ЛЕПА БРЕНА!

Појавувањето на Лепа Брена во емисијата „Кај нас дома“ на ХРТ на многумина таму им засметало. Имено, Брена освен за концертите на својата снаа Александра Пријовиќ гостувањето го искористила за да си ги изрекламира хулахопките, а токму тоа вознемирило дел од хрватската јавност, па поединци жестоко ја навредуваа и не бираат зборови, а на удар се нашла и водителката на емисијата.

Сега по скандалот се огласи и Хрватската радиотелевизија, која во официјалното соопштение истакна дека Лепа Брена ги искористила!

- Во емисијата „Кај нас дома“ што се емитуваше на 4 декември 2023 година. една од гостите беше и пејачката Лепа Брена. Гостинот претходно беше запознаен со сите теми на разговор. Сценариото за гостување ги содржеше следните теми: претпразнично време, како го поминува со семејството, за нејзините концерти пред многубројната публика, нејзината пејачка кариера, сеќавањата на Загреб, феноменот на пет распродадени арени на Александра Пријовиќ и најавата за нејзиниот концерт во Арена Загреб следната година. Но, и покрај тоа, гостинката, за жал, го искористи гостувањето во емисијата во живо и го рекламираше својот нов претприемачки проект. Никој вклучен во создавањето на оваа популарна попладневна забавна емисија немал намера да се занимава со рекламирање на споменатите производи, истакнуваат од ХРТ.

Да потсетиме, еден коментар предизвика многу реакции таму.

- Го молам народот колективно да п******* (знам дека нема). Во денешната емисија на ХРТ1 „Кај нас дома“ Лепа Брена и беше гостинка на лудата водителка Ива Шулентиќ, на која рециклираната ѝ дозволи да ги рекламира нејзините нови производи. ЕПП за џабе, или и домаќинката доби пар (банкноти)??? На хрватската јавна телевизија нема место за изнервирани луѓе, а бесплатното рекламирање е, колку што знам, нелегално. Во исто време, поради условите за работа, еден од трите значајни оркестри во ХР, токму оној на ХРТ, се распаѓа. Ива, ти не си (кај нас) дома, гласи спорниот коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk