logo
logo
logo

Сите престанаа да ги носат овие потпетици - но не и Лејди Гага!

Vecer | 01.08.2021

Сите престанаа да ги носат овие потпетици - но не и Лејди Гага!

Се сеќавате на 2009 година? Сите се натпреварувавме кој ќе носи повисоки штикли, и не само тоа, туку кој ќе најде поголема, покрупна платформа, исто како онаа што Лејди Гага ја носеше во видеото за Bad Romance.

Меѓутоа, додека Меквин создаваше чевли што останаа незаборавен дел од модната историја, тој не можеше ниту да сонува дека брендовите ширум светот ќе го однесат ова парче на работ на кич и невкус.

Исто така, иако забавен, овој тренд воопшто не беше удобен, поради што едвај чекавме да падне во заборав, а потпетиците да ни се вратат од полиците од 5см до 10см.

Додека Лејди Гага не ја оживеа својата вртоглава потпетица викендов на улиците во Њујорк.

Пејачката го претвори Големото јаболко во нејзина лична модна писта и деновиве повторно почна да го комбинира стариот холивудски гламур и нејзиниот препознатлив, ексцентричен стил.

Така, овој пат таа го зеде долгиот црн ретро фустан на Магда Бутрим и екстравагантните чизми со потпетици Pleaser кои го украдоа шоуто и направија еден вид #навраќање кон нашите најдобри денови и најлошите модни избори.

Целиот изглед го комплетираше со очила Дита и торба Марк Крос во форма на мини-куфер.

Што мислите за оваа облека?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk