Младата пејачка и фудбалерот, Анастасија и Немања Гудељ се главна тема од моментот кога тајно се венчаа во кругот на нивните најблиски пријатели. Неодамна се дозна дека радоста на големата свадбена веселба ќе ја сподели со блиски пријатели и роднини и тоа на две свечености.
Според нашиот извор, во Шпанија ќе се одржи романтична веселба покрај море, а потоа голема српска венчавка во Белград.
-Кога решија да направат свадба, иако тоа го правеа тајно, знаеја дека ќе има проблем со организацијата бидејќи и двајцата имаат широк круг на роднини и пријатели кои се расфрлани низ целиот свет. На крајот беше донесена одлука да се направи романтична прослава на брегот на Шпанија, на која ќе присуствуваат блиските членови на семејството и клупските играчи на Немања, а потоа вистинска српска свадба во Белград. Венчавката во Шпанија би требало да се случи до крајот на годината, а догодина во Белград, вели извор близок до парот и ги открива деталите.
https://www.instagram.com/p/CwDPrPbMq_F/?utm_source=ig_web_copy_link
- Додека Анастасија се грижи за венчаницата и фустанот кој би го облекла подоцна, Немања повеќе е задолжен за храна и пијалоци бидејќи сака да има посебно мени. Венчаницата на Анастасија ќе ја изработи познат дизајнер од Њујорк и таа ќе оди таму на проба, баш не ми се јасни имињата на тие дизајнери, па не се сетив која е. Знам дека веќе добила дизајн кој во некои делови го модифицирала и дека ги избрала материјалите кои и биле понудени за ваков модел. Направен е според нејзините мерки. Од друга страна, Немања побарал сирењата да бидат од Шпанија и Италија, како и шампањот што пристигнува од Тоскана.
Сега кога двајцата се венчаа, младенците со денови ќе уживаат забава.
- Анастасија и Немања на прославата во Шпанија ќе соберат околу 50 луѓе, меѓу нив ќе бидат нивните пријатели од Севиља, фудбалери, но и семејството и кумот на Анастасија од Србија. Изнајмени се соби во еден од најубавите шпански хотели, а Цеца ќе има можност да влезе во куќата што Анастасија и Гудељ кои ја купиле и која опширно ја опремуваат. Платени се авионски билети за многу гости, а невестата особено се радува на тоа што Вељко и Богдана треба да пристигнат на прославата со своите деца.
Како што дознаваме, за разлика од свадбената церемонија во Шпанија, свадбата во Србија ќе биде многу побројна.
- Таму свој дел гости ќе има Цеца, но и Гудељи, чии роднини се во Требиње. На специјалното мени ќе работат неколку готвачи, а декораторите веќе се во полн ек за тоа како треба да изгледа се со помпезен огномет и повеќекатна торта. Анастасија сега е навистина во хаос бидејќи освен што работи на избор на венчаница и опремување на ентериерот на новата куќа, треба да се занимава и со украсување и други ситници поврзани со свадбата.
Со оглед на тоа што Немања ја започнува својата сезона во Севиља, меден месец ќе мора да почека. Сепак, како што дознаваме, младенците планираат патување до егзотична дестинација, кое ќе го плати Цеца. Штом Немања има пауза и се ослободи од секојдневните тренинзи, брачната двојка ќе ги спакува куферите. Се шпекулира дека Цеца има подготвено и изненадувачки подароци, и дека е многу емотивна поради бракот на наследничката која ќе живее во Шпанија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата