Вестон минатиот месец беше уапсен поради напад со смртоносно оружје, а на тоа апсење му претходеше напад на неговата мајка Кристина во април, по што таа беше видена со модринки на лицето. Адвокатскиот тим на Вестон на суд ги отфрли сите обвинувања против него.
Фултон не сакаше да зборува за моменталната врска со нејзиниот син. Таа само накратко им кажа на новинарите дека сака нејзиниот син да ја добие потребната помош, додека Вестон кажа дека „на мајка му ѝ е потребна помош“.
Да потсетиме, полицијата во Лос Анџелес на почетокот на јули потврди дека Вестон е уапсен. „Можам да потврдам дека Вестон Кејџ Копола беше уапсен денеска поради напад со смртоносно оружје“, изјави портпаролот на полицијата во Лос Анџелес. Актерот излегол од затвор со кауција од 150.000 долари, која, според британските медиуми, наводно ја платил неговиот татко.
Инцидентот меѓу Вестон и Кристина се случил на 28 април во Лос Анџелес, кога вербалниот конфликт прераснал во физички.
„На 28 април околу 17:30, добив пораки од пријателот на мојот син Вестон Кејџ во врска со неговата лоша психичка состојба. Ме повикаа да дојдам да му помогнам. Кога дојдов да му дадам поддршка и да го утешам, тој веќе беше среде манијачен бес. За неколку минути бев брутално нападната и претрпев сериозни повреди“, напиша Фултон во изјавата објавена од People на почетокот на јули.
„И покрај моите очајнички молби до полицајците да го приведат на проценка на менталното здравје, полицајците го одбија моето барање. Како мајка, јас сум длабоко тажна и загрижена поради тековната ментална здравствена криза на Вестон.“, заклучи таа.
Вестон (33) имал проблеми со менталното здравје во минатото и бил хоспитализиран на психијатриско лекување во 2011 година по насилен инцидент во Лос Анџелес.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата